ФФМ донираше опрема на 114 екипи

Од:

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска им донираше опрема и топки на екипите од Супер и Првата лига за категориите: пионери, помлади пионери, кадети и младинци.

Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на повеќе од 100 екипи кои се натпреваруваат во системот на ФФМ.

– Ние го реализираме тоа што го прифативме како наша обврска. Развојот на младинскиот фудбал е приоритет и ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои посветуваат големо внимание на фудбалската иднина. Доколку сегашноста им припаѓа на денешната генерација фудбалери, нема дилема дека нашиот влог и заложба ќе се движат во насока на развојот на фудбалот од најмалите категории, се до почетокот на професионалнта кариера – истакна претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Секој од 114. клубови кои примија донација имаат по 20 комплета спортска опрема (дресови, шорцеви, чорапи) и по 15 ЈАКО фудбалски топки.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска