ФФМ дел од новата програма на УЕФА за развој на фудбалот за млади – елитни фудбалери

Од:

Во конкуренција на 15 национални асоцијации, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) заедно со федерациите на Ерменија и Грузија ја доби поддршката на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) и во следниот период ќе работи според програмата за развој на млади – елитни фудбалери.

Жан Франсоа Домерк, одговорен на одделот за фудбал на УЕФА, поранешниот прославен француски фудбалер е во работна посета на ФФМ и низ теоретска и практична програма ја претставува програмата за развој пред тренерите кои работат во системот на ФФМ.

– Новата програма на УЕФА е многу позитивна од аспект на почетниот развој на младите, а кога зборуваме за развој, не мислиме само на фудбалскиот напредок, за нас е многу значаен развојот на младите и како личности со вистински вредности кои минуваат низ добар едукативен процес. Не радува тоа што вашата федерација веќе работи според дел од нашата програма, тоа за нас е многу важно, бидејќи ни треба партнер кој веќе ја има поставено базата. За ФФМ тоа е фудбалската академија и младинските селекции, а наша цел е да ви помогнеме во целост да ги реализирате тие проекти и заеднички да се радуваме на новите играчи кои ќе ги создадеме во иднина. ФФМ има филозофија за работа со млади категории, знаеме дека започнавте и со спроведување на Националната програма за развој на младинскиот фудбал. Ние нема да ви наметнуваме нов начин и друга филозофија на работа, само ќе се обидеме да ви помогнеме да го остварите зацртаното низ семинари на кои ќе учествуваат ваши тренери во странство и стручни луѓе кои ќе дојдат во Македонија да ја презентираат својата програма пред тренерите, истакна Домерк.

Високиот претставник на УЕФА потенцира дека соработката со клубовите е исклучително важна и вели дека ФФМ не е конкуренција на било кој клуб и ја посочува соработката со клубовите како важна алка во процесот на создавање на квалитетни играчи.

– За федерацијата, па и за нас како носители на проектот е многу важно клубовите да ја сфатат програмата и целосно да се вклучат во остварување на целите кои произлегуваат од нашата програма. Ние работиме со деца кои имаат 14-15 години, сите ние кои сме вклучени во проектот мора да сфатиме дека ни требаат млади личности со „отворен ум“, а тоа ќе го остварат низ едукативниот процес, со квалитетна наставна програма, со изучување на вредности кои ги промовира УЕФА и со тренинг процес и техничка стратегија која веројатно е најважна во периодот кога младите се соочуваат со многу предизвици на теренот и надвор од него. За нас е многу важна инфрастурктурата, центарот кои ќе биде изграден за потребите на проектот и напредокот на тренерите кои се вклучени во процесот на создавање млади – елитни фудбалери, посочува претставникот на УЕФА.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава