ФФМ целосно ја отвора Арената „Тодор Проески“ за дуелот против Исланд

Од:

Македонските фудбалери ќе имаат голема поддршка в недела против Исланд, откако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одлучи навивачите завршниот натпревар од мундијалските квалификации да можат да го следат и од Источната и Западната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.

Билетите за Источната и Западната трибина можат да се купат од денеска преку продажната мрежа MkTickets по цена од 100 денари.

Претходно ФФМ одлучи за неделниот натпревар против Исланд да бидат отворени само Јужната и Северната трибина, а влезниците се продаваат по цена од 150 и 300 денари.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски со триумф против Исланд првпат во историјата ќе обезбедат бараж за пласман на Мундијалот што идната година ќе се одржи во Катар, откако вчера со 5-0 триумфираа над Ерменија во Ереван, а Романија одигра без голови во Букурешт против неделниот противник на „црвено – жолтите“.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

Македонија со одлична група во Лигата на нации: Ќе играме против Ерменија, Фарски Острови и против Летонија

Реми во Скопје: Македонија-Англија 1:1

Фудбалерите заминаа за Малта

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Барди: Ние сме мала земја, но меѓу нас има „лавови“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија ремизираше со европскиот шампион

Катерина Ѓуровски