Фетел вети: Оваа сезона нема да заврши како претходната

Од:

Пилотот на Ферари во Формула 1, Себастијан Фетел се закани дека нема да дозволи оваа сезона да заврши на сличен начин како претходната, кога неговиот голем конкурент од Мерцедес, Луис Хамилтон, ја грабна титулата со своите силни настапи по летната пауза.

Во последните две трки Фетел доживеа големи разочарувања, губејќи во Германија поради своја грешка на дождливата патека. Во неделата во „Хунгароринг“, тој едноставно не можеше да го совлада Хамилтон, особено по лошата стратегија во боксот.

Во текот на следните 3 недели шампионатот е на пауза, а Фетел заостанува 24 поени зад лидерот Хамилтон.

– Како што беше случај досега, инерцијата оди од еден камп до друг. Не си направив услуга пред една недела во Германија, но мислам дека тоа е дел од натпреварувањето. Се случуваат такви работи, вели Германецот.

Тој смета дека минатата година го загубиле шампионатот само поради тоа што нивниот автомобил не беше доволно брз во завршната фаза од сезоната, но сега работите се поинакви.

– Се надевам дека сега ќе биде различно. Дотука покажавме дека болидот ни е многу поефикасен и се уште има голем потенцијал, кој треба да го откриеме. Затоа сум уверен дека можеме да се подобриме. Очекувам возбудлив втор дел од сезоната, додаде Фетел.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин