Фетел: Извозив идеална трка

Од:

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел беше задоволен од настапот на Гран-при Канада. Германецот ја забележа третата победа оваа сезона и вкупно 50-та во неговата кариера.

– Идеално е веројатно најдобриот збор за опишување на трката. Ова е неверојатно. Пред трката кажав колку е важно оваа позиција за Ферари, изјави Фетел.

За мене, ова е 50-та победа, но Ферари тука не победи многу долго, а денес видов навистина среќни луѓе околу себе. До крајот на шампионатот има многу време, и јас навистина не размислувам за конечниот пласман се уште, дополни Фетел.

По вчерашната победа тој е нов лидер во Генералниот пласман со еден бод повеќе од актуелниот светски шампион Луис Хамилтон.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин