Фетел и Вебер со оптимизам пред Хунгароринг

Од:

Трикратниот Формула 1 шампион, Себастијан Фетел и неговиот тимски колега Марк Вебер се со оптимистички очекувања за Големата награда на Унгарија.

Марк Вебер веќе има триумф на оваа патека, додека Фетел иако во неколку наврати беше блиску до неа, досега нема победено на Хунгароринг.

– Мојата прва трка на Хунгароринг беше во 1998 година со спортски автомобил на Мерцедес во која победивме. Во текот на годините, ова беше добра патека за мене и имам собрано многу поени, вклучувајќи ја и мојата победа во 2010 година,- вели Марк Вебер. – Омилен дел од патеката ми е по шиканата, комбинацијата „лево-десно“ во средниот сектор, таа навистина го наградува трудот. Убаво е да се стави болид од Формула 1 на лимитот, бидејќи тоа е голем предизвик за возачот.

– Имавме две возбудливи трки каде што гумите играа важна улога. Ова ќе биде нашата прва трка со гумите од 2012 година и ќе видиме како тие ќе одговорат на барањата од долгите свиоци и високата температура на асфалтот,- додава Себастијан Фетел.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин