Фернандеш: Без Роналдо, амбициите на Португалија остануваат исти

Од:

Играчот за врска на Португалија, Бруно Фернандеш, по синоќешната победа над Шведска со 3:0, во Лигата на нации истакна дека тактиката на тимот не е променета поради отсуството на Кристијано Роналдо.

Капитенот на Португалија го пропушти натпреварот поради инфекција со коронавирус.

– Не ни беше речено да играме поинаку. Нашите амбиции остануваат исти. Тимот има високо ниво, но очигледно е дека е полесно да се победи кога во составот е најдобриот играч на светот. Роналдо ни фалеше, иако резултатот не го покажува тоа, изјави Фернандеш.

По четири кола во Групата – 3 од А-сегментот во Лигата на нации, Португалија и Франција се на првите две места со по 10 бода, Хрватска има 3, Шведска е без освоен бод.

Би можело да ве интересира

Македонските фудбалери од Бугарија го почнуваат походот по ново Европско првенство

Катерина Ѓуровски

Фудбалска пресметка на Македонија и Бугарија во Лигата на нации

А1он

Македонските фудбалери ја чекаат жрепката за Лигата на нации

Ана Ололовска

Дешам по триумфот во Лигата на нации: Нашиот систем треба да се подобри

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Светскиот првак ја освои Лигата на нации: Франција преку Шпанија до титулата

ВИДЕО: Третото место во Лигата на нации за Италија