Тренерот на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон изјави дека со нетрпение го очекува реванш дуелот по ремито од 1-1, од осминафиналето во Лигата на шампионите против екипата на Реал Мадрид.
-Добро ни се познати квалитетите на Реал Мадрид, тие имаа голем број врвни фудбалери предводени од Кристијано Роналдо. „Кралевите“ ќе тргнат во офанзива, но тоа не значи дека ние ќе се браниме. Ќе играме за да постигнеме гол повеќе во однос на противникот, па нека заврши реваншот со 5-4 и ние да играме во четвртфиналето – изјави Фергусон.
И ветеранот Рајан Гигс, кој вечерва ќе го игра својот јубилеен 1.000 натпреват во неверојатната кариера, се надева дека нивниот тим ќе се радува.
-Слично како Сер Алекс, и јас очекувам да има многу голови на реваншот, но решени сме овојпат ние да бидеме тие што ќе се радуваат. Извлекуваме поуки од сите неуспеси во Европа, сметаме дека сега имаме квалитет за повторно да го освоиме трофејот – нагласи тој.
Елена Георгиевска