Феран Торес по хет-трикот против Германија: Не можам да изразам колку сум среќен

Од:

Фудбалерот за врска на шпанската репрезентација, Феран Торес рече дека е пресреќен по големата победа над Германија (6:0) во Лигата на нациите и неговиот хет-трик на овој натпревар.

– Сите сме воодушевени од групата играчи што се собраа во националниот тим и од тоа како работите се развиваат. Секој фудбалер сонува да направи хет-трик за репрезентацијата. Не можам да изразам колку сум среќен што успеав да го сторам ова на ваков важен натпревар и да му помогнам на тимот. Ја искористивме иницијативата од првите минути и не дозволивме репрезентацијата на Германија да игра. Ги затворивме сите приоди кон нашиот гол и не им дозволивме да не загрозат, изјави Торес.

Шпанија го освои првото место во групата и се пласира во плејофот за трофејот во ова натпреварување.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

Англија ја совлада Ирска

Македонија против Фарските Острови: Реми и многу промашувања

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски