Кошаркарите на Фени Индустри вечерва во реваншот од четвртфиналето загубија од Теодо од Тиват со 81:68 (20:11; 13:18; 24:20 и 24:19) и со тоа настапот во БИБЛ лигата го завршија во четвртфиналето. Тимот од Кавадарци на првиот натпревар постигна победа од 100:97, но не успеа да ја сочува оваа предност во реваншот.
Најефикасен на дуелот беше Милан Станојевиќ од Теодо со 19 поени, а пет играчи од оваа екипа имаа двоцифрен број поени. Кај Фени Индустри двоцифрен број поени постигнаа Георге Шарабидзе и Јане Петровски по 14, а Бранислав Ѓекиќ реализираше 11 поени.
Теодо во полуфиналето ќе игра против бугарската екипа Берое.
Утре во вториот реванш четвртфинален натпревар Кожув во Гевгелија ја пречекува екипата на Пеќ. Противникот на гевгеличани на првиот дуел постигна победа од 83:66.