Фенербахче гостин на КК Работнички

Од:

По повод 70 години од постоењето на Кошаркарскиот клуб Работнички вечер во Скопје ќе гостува финалистот од Евролигата, турската екипа Фенербахче. Во редовите на повеќекратниот македонски шампион се задоволни што турската екипа ќе биде дел од јубилејот на тимот од „Градски парк“.

Натпреварот ќе се игра во „ВИП Арената“ на СЦ „Борис Трајковски“, а домаќинот соопшти дека се продадени сите 7.000 билети за овој кошаркарски спектакл и натпреварот ќе се одигра пред полна сала.

Во редовите на Фенербахче, за наши прилики секако најпознато е името на македонскиот интернационалец Перо Антиќ. Тој воедно е еден од најзаслужните и за гостувањето во Скопје на неговиот сегашен тим.

Предвидено е на вечерашниот натпревар, последните минути во својата богата кошаркарска кариера да ги одигра и Тодор Гечевски. Според програмата, негови треба да бидат последните две минути од првата четвртина.  На полувремето од спектаклот, ќе има дел во кој во центарот на вниманието ќе бидат атлетите од Специјалната олимпијада.

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

A1on

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

(ВИДЕО) Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови

Работнички во ЕКА рамо до рамо со Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик…

Бразилецот Рафаел Гоес, нов играч на Работнички

А1он

ССМ ќе ги застапува пред суд работниците од штипска „Баргала“, потпишуваат полномошно

Жарко Настоски