Sвездата на “Атлетико Мадрид”, Жоао Феликс истакна дека неговиот тим го добил најтешкиот можен противник во ЛШ.
Шпанскиот тим ќе се соочи со “Ливерпул’, а за Португалецот, тоа е веројатно најтешката пречка во трката за четвртфиналето.
Секогаш е тешко на европските натпреварувања – против сите екипи.
“Ливерпул” е во добра форма, одличен ритам и ќе биде тешко, како и на сите натпревари на ЛШ, но најтешко е против нив, верувајте ми, изјави Феликс за шпанските медиуми.
Двете екипи се соочуваат едни со други во осминафиналето на Лигата на шампионите на 18 февруари, а првиот дуел е на „Ванда Метрополитано“.