Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер на својот Инстаграм објави фотографија од од младоста и се пошегува на сметка на својот изглед.
Федерер во описот на фотографијата, напиша дека тоа е од времето пред да ја запознае својата сегашна сопруга Мирка.
– Потсетување за сите, дека пред вас се подобри денови, напиша Швајцарецот.
Инаку Рожер и Мирка се запознаа во 2000-та година за време на Олимписките игри во Сиднеј, што значи дека оваа фотографија е стара над 20 години.