ФАРЕ акционата недела во насока на интегрирање на бегалците во општеството преку фудбалот

Од:

Македонскиот центар за култура и развој како национален ФАРЕ координатор и Фудбалската федерација на Македонија ја презентираа годинешната програма со активности опфатени во ФАРЕ Акционата недела за борба против национализмот и расизмот во фудбалот.

– ФАРЕ акционата недела за борба против насилствата на спортските терени, национализмот и расизмот се организира во над 50 земји и во неа учествуваат повеќе од 270 организации, фудбалски клубови и фудбалски федерации од целиот европски континент. Основна цел на кампањата е редовно, секој октомври да се привлече вниманието на вкупната спортска јавност за важноста на фер-плејот и за активен однос во надминување на сите видови на насилство и дискриминација на спортските терени. Оваа година, тема на кампањата се бегалците и нивно вклучување преку фудбалот во полесно интегрирање во новата средина. Во Европа веќе има милион и фудбалските организации и асоцијации во повеќе од 20 земји веќе имаат конкретни активности за нивно вклучување преку фудбалот во општеството, изјави Нелко Нелковски, претседател на МЦКР и национален ФАРЕ координатор.

Од ФФМ се обрати Енвер Сулејмани, заменик генерален секретар во федерацијата.

– ФФМ дава целосна поддршка на сите активности поврзани со фер-плејот и борбата против насилствата, национализмот и расизмот на фудбалските терени. Ние како федерација сме обврзани да се грижиме за надминување на сите видови недоследности и нарушувања. ФФМ активно учествува во програмата на УЕФА против расизмот и дискриминацијата во фудбалот а го истакнуваме и задоволството од соработката со МЦКР. Повикуваме сите заедно, фудбалерите, клубовите, навивачите, судиите, невладините организации и сите граѓани да придонесеме во развојот на навивачката култура во нашата земја и да станеме пример за достоинствено однесување, истакна Сулејмани.

Како активност оваа година, МЦКР и ФФМ организираат покажување на црвени картони и изнесување на банери, пред почетокот на сите натпревари во Првата фудбалска лига, на кои ќе пишува „НАЦИОНАЛИЗМОТ И РАСИЗМОТ НАДВОР ОД ФУДБАЛОТ“.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија

Шкупи и Шкендија нема да го доиграат натпреварот, одлуки ќе носи ФФМ

Катерина Ѓуровски

Обвинителството над две години истражува за сметководителката која со допишување нули извлекувала пари од ФФМ

Стартот на Втората фудбалска лига одложен за седум дена

Фудбалската лига во Македонија пропаѓа поради монополизација на пазарот

Горан Наумовски