Фудбалерите на Атлетико Мадрид и понатаму ја држат втората позиција на табелата во Примера. Тие вечерва со голот на Фалкао го совладаа Еспањол со минимални 1-0.
Во победата над Еспањол пресуден беше голот од пенал во 38-та минута. За одбележување на натпреварот е и црвениот картон на Габи, кој можеше да донесе неизвесност во продолжението.
Во второто полувреме домаќините имаа неколку одлични можности за гол, но сепак не успеаа да ја зголемат предноста, посебно шансата на Фалкао во 88-та минута кога искочи очи во очи со голманот на Еспањол, но сепак не успеа да постигне гол.
Шанса за гол имаа и гостите, но не знаеа да ги искористат.