Фалкао станува дел од Реал Мадрид

Од:

Фудбалерот на Монако и колумбиски репрезентативец Радамел Фалкао најверојатно ќе направи трансфер во Реал Мадрид. Фалкао овој преоден рок беше поврзуван со премин во неколку екипи (Арсенал, Ливерпул, Манчестер Јунајтед), но ќе замине во Шпанија.

Како што пренесуваат италијанските медиуми Реал Мадрид ќе треба да плати 20 милиони евра за едногодишна позајмица, со можност за откуп на договорот на крајот од сезоната. Договорот на двата клуба е направен по извлекувањето на групите за Лигата на шампионите одржан вчера во Монако. Фалкао во минатото има дадево изјави дека сака да го носи дресот на „кралскиот клуб“.

За Колумбиецот ова ќе значи враќање во Мадрид откако две сезони мина како играч на Атлетико Мадрид, а претходно го носеше и дресот на Порто.

Фалкао не настапи на Светското првенство поради повредата на вкрстените лигаменти, но во новата сезона веќе постигна неколку голови за Монако во француската Лига 1.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска