Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Радамел Фалкао, поради повреда, од фудбалските терени ќе отсуствува три седмици.
Најдобриот стрелец на екипата од Мадрид, се повредил во 57-та минута, на неделниот натпревар со Леванте, на кој неговата екипа победи со 2:0.
„Не сме уште сигурни колку е сериозна повредата, но тој во наредниот приод со сигурност ќе одмора“, рече тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.
Фалкао со 18 постигнати голови е прв стрелец на Атлетико и втор во лигата зад Меси.
Колумбиецот со сигурност ќе го пропушти натпреварот со Бетис во националниот Куп, како и првенствените дуели со Атлетик Билбао и Бетис.