Фудбалерот на Монако Радамел Фалкао изјави дека би сакал Атлетико Мадрид да триумфира во Лигата на шампионите.
– Реал и Атлетико имаат еднакви шанси за победа. Очекувам голема борба во финалето, а посакувам Атлетико Мадрид да го освои трофејот. Имам голем респект кон клубот во кој играв и во кој сум доживеал многу убави моменти, им изјави колумбискиот репрезентативец на шпанските медиуми.
Финалето на Лигата на шампионите се игра во Лисабон на 24 мај. Фалкао минатата година по две одиграни сезони го напушти Атлетико и отиде во Монако.
Фалкао од јануари е надвор од фудбалските терени поради повреда на коленото. Toj е задоволен од заздравувањето, а дали ќе игра на Светското првенство во Бразил, остава последниот збор да го кажат лекарите.