Фабрегас се премисли и не оди во Манчестер

Од:

Цеск Фабрегас одлучи да не ја напушта Барселона со што ги разочара навивачите на Манчестер Јунајтед кои очекуваа негова преселба на „Олд Трафорд“.

Како што пишуваат шпанските медиуми клучен потег за ваквиот расплет околу иднината на Фабрегас е доаѓањето на Херардо Мартино на клупата на каталонскиот тим и очекувањето да се избори за место во првиот состав кај новиот тренер.

Деновиве медиумите во Шпанија и во Англија информираа за третата последователна понуда на Манчестер до шпанскиот шампион висока 35 милиони евра за трансфер на Цеск.

26-годишниот Фабрегас сениорската кариера ја почна во Арсенал каде настапуваше од 2003 до 2011 година, по што следуваше преселба на „Камп Ноу“. За Барселона има одиграно 60 натпревари и постигнато 20 голови.

Од 2002 година член е на најмладата шпанска репрезентација и потоа игра за сите категории се до сениорската.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска