Фабрегас потврди дека нема да ја напушти Барселона

Од:

Фудбалерот на Барселона, Цеск Фабрегас потврди дека нема намера да го напушти својот клуб, иако англискиот шампион Манчестер Јунајтед има сериозни намери да го донесе на „Олд Трафорд’’.

– Ништо не се смени, среќен сум во Барселона. Ниту во еден момент не сум помислил на заминување, рече Фабрегас на прес-конференција одржана во Куала Лумпур, за време на азиската турнеја на шпанскиот гигант.

Фабрегас притоа откри и дека не побарал нов договор со својот клуб.

– Секако дека ми годи кога некој голем клуб ќе пројави желба да ме ангажира. Разговарав со функционерите на клубот (Барселона) и со новот тренер Мартин. Секој од нив ми стави на знаење дека сакаат да останам во Барселона. Исто така, не е точно дека барав нов договор, посочи Фабрегас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска