Европското првенство се игра во 11 земји, нашите во Букурешт и Амстердам

Од:

Претстојното ЕУРО2020 ќе биде прво во историјата што ќе се одржи во 11 градови во исто толку земји на Стариот континент, а домаќини на натпреварите на македoнската фудбалска репрезентација ќе бидат Букурешт и Амстердам.

Македонскиот состав својот дебитантски настап на големата сцена ќе го има на 13 јуни против Австрија во романската престолнина, а четири дена подоцна „црвено-жолтите“ во Букурешт ќе играат против Украина.

Двата меча почнуваат во 18 часот на Националната арена со капацитет од 55.600 седишта, а поради епидемиолошките мерки поврзани со Ковид-19, максималната исполнетост на стадионот ќе биде 25 отсто, или околу 13.000 гледачи.

Завршниот натпревар во рамки на групата Ц, македонскиот состав ќе го игра на 21 јуни во Амстердам против Холандија. Арената „Јохан Кројф“ е со капацитет од 54.990 седишта, а на стадионот ќе биде дозволено присуство на околу 12.000 гледачи.

Градови домаќини на ЕУРО2020 се и Баку, Будимпешта, Копенхаген, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим, Санкт Петерсбург и Севиља.

Би можело да ве интересира

Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

А1он

Шкотски весник предлага Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на земјата

Ана Ололовска

Донарума за последниот пенал во финалето: Не славев затоа што не знаев дека победивме

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хаос во Лондон по финалето на ЕУРО, повредени 19 полицајци, уапсени 49 лица

ВИДЕО: Италијанците го донесоа европскиот пехар во Рим

Катерина Ѓуровски

Италија нов европски шампион во фудбал

A1on