ЕВРО 2020: Втор фудбалер со коронавирус во шпанската репрезентација

Од:

Дефанзивецот на Шпанија, Диего Љоренте, е позитивен на коронавирус, објавено е утрово на веб-страницата на тамошната фудбалска федерација. Фудбалерот ќе ја напушти базата на националниот тим и ќе оди во самоизолација.

Исто така, се посочува дека фудбалерите, според протоколот за коронавирус, ќе тренираат според индивидуална програма. Во исто време, паралелно ќе се подготвуваат и Брајс Мендес, Родриго Морено, Пабло Форналс и Карлос Солер. Овие играчи беа повикани во националниот тим, но тренираа одделно од останатите.

Претходно, капитенот на националниот тим Серхио Бускетс доби позитивен тест.

На ЕВРО 2020, Шпанците ќе играат во групата Е со селекциите на Полска, Словачка и Шведска. Турнирот ќе трае од 11 јуни до 11 јули.

Би можело да ве интересира

Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

А1он

Шкотски весник предлага Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на земјата

Ана Ололовска

Донарума за последниот пенал во финалето: Не славев затоа што не знаев дека победивме

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хаос во Лондон по финалето на ЕУРО, повредени 19 полицајци, уапсени 49 лица

ВИДЕО: Италијанците го донесоа европскиот пехар во Рим

Катерина Ѓуровски

Италија нов европски шампион во фудбал

A1on