Евгениј Поп Ацев победник на 29-то издание на Охридскиот пливачки маратон

Од:

Евгениј Поп Ацев е победник на 29-тото издание на Охридскиот пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 30 километри ја исплива за 5:39:42 часа.

– Ова е еден од најубавите моменти во мојата пливачка кариера. Многу сум задоволен, се надевав годинава на победа…Последните километри од трката видов дека имам шанси, така што ја сменив тактиката и успеав да го направам она што го пропуштив лани, изјави Поп Ацев откако од претседателот Ѓорѓе Иванов беше закитен со ловоров венец.

Распоредот на второпласираниот и третопласираниот маратонец ќе биде утврден дополнително бидејќи некои од пливачите пред самиот финиш ја промашија поставената контролна точка, така што можно е третото место да му припадне на нашиот Томи Стефановски, кој како четврт мина низ целната линија.

Првото место во женска конкуренција и припадна на италијанката Аличе Франко, која маратонот го исплива за 5:44:03 часа.

Поп Ацев е првиот македонски пливач што победува на маратонот во изминатите 29 изданија колку што маратонот на Охридскиот маратон е на „Гран-при“ програмата на трки на отворени води на Светската пливачка федерација.

Победникот на Охридскиот пливачки маратон, покрај паричната награда, ќе добие и 15 бода на своето конто, вторпласираниот 11, третиот 9, четвртиот 7…осмопласираниот 3 бода. Тоа значи дека Поп Ацев со победата во Охрид избива на првото место во генерален пласман со освоени 38 бода и со големи шанси да биде победник во оваа сезона оттаму што до крајот на оваа „Гран-при“ серија останува уште маратонот Капри – Неапол.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска