Еурофарм Пелистер испушти плус седум, само со реми против Кадетен

Од:

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола не успеаја да го совладаат Кадетен Шафхаузен од Швајцарија и ги поделија бодовите, играјќи нерешено 25:25, полувреме (16:10).

Битолчани добро го почнаа натпреварот во рамки на 3. коло од групата „Д“ на ракометната Лига Европа, постојано беа во водство, во еден момент имаа предност од седум голови разлика, а полувремето го завршија со предност од 16:10.

Во второто полувреме гостите од Швајцарија направија целосен пресврт, во 54. минута од натпреварот поведоа со 24:23, а гостинскиот голман Пилиповиќ беше несовладлив со девет интервенции.

На средбата што заврши со поделба на бодовите, најдобар поединец беше гостинскиот ракометар Шелкер со седум постигнати голови, а во тимот на Еурофарм Пелистер се истакна Мандалиниќ со шест голови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Еурофарм Пелистер без Ојлески и без Атанасијевиќ на дуелот против Мотор

Данецот Кисум нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Пелистер го победи Мотор, на добар пат за осминафинале во Европската лига

Пелистер, едноставно, немаше сили против Фуксе