ЕУРО2020: Данска и Белгија денеска ќе играат за бодови и за Ериксен

Од:

Топката на денешниот натпревар во рамки на ЕУРО2020 меѓу Данска и Белгија за момент ќе запре во 10-та минута кога играчите на двете репрезентации заеднички ќе му изразат поддршка на данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен.

Како што е најавено, белгиските фудбалери во 10-та минута, симболично како и бројот на дресот што го носи Ериксен, ќе ја исфрлат топката во аут, додека навивачите на „Паркен“ стадионот во Копенхаген со бурни овации ќе му посакаат брзо закрепнување на данскиот репрезентативец.

Ериксен во саботата колабираше на теренот за време на натпреварот од првото коло во групата Б меѓу Данска и Финска, откако од се уште непознати причини, доживеа срцев удар и по брза интервенција на лекарите беше реанимиран и пренесен во болница во Копенхаген.

Неговата здравствена состојба е стабилна, а лекарите вршат детални испитувања за да ги откријат причините поради кои срцето на 29-годишниот фудбалер за миг престана да чука.

Би можело да ве интересира

Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

А1он

Шкотски весник предлага Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на земјата

Ана Ололовска

Донарума за последниот пенал во финалето: Не славев затоа што не знаев дека победивме

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хаос во Лондон по финалето на ЕУРО, повредени 19 полицајци, уапсени 49 лица

ВИДЕО: Италијанците го донесоа европскиот пехар во Рим

Катерина Ѓуровски

Италија нов европски шампион во фудбал

Мери Јордановска