ЕУ и УЕФА потпишаа договор за заедничка борба против сите зла во фудбалот

Од:

Европската комисија и Европската федерација на фудбалски асоцијации (УЕФА) денеска во Брисел потпишаа договор за соработка за следните три години, јави дописникот на МИА од Брисел.

Во присуство на претседател на Еврокомисијата, Жозе Мануел Баросо, еврокомесарката за спорт Андрула Василиу и првиот човек на УЕФА, Мишел Платини потпишаа договор за партнерство со кое двете институции се обврзаа да работат редовно и заедно на материјален и конструктивен начин за прашања од заеднички интерес, како што е интегритетот на спортот, почитување на човековите права и достоинство, недискриминација и солидарност.

Договорот меѓу Брисел и европската „куќа на фудбалот“ е наменет за зајакнување на позитивниот имиџ на спортот, посебно фудбалот, а со цел овие две институции целосно да сго искористат својот потенцијал во сите области на економскиот и социјалниот живот.

– Овој договор е значаен чекор во нашата соработка со УЕФА, која е важен партнер на Европската комисија во дијалогот со светот на спортот. Задоволна сум што за време на мојот мандат во Комисијата се зајакнати врските со УЕФА во широк спектар на прашања кои влијаат на фудбалот. Нашата цел отсекогаш била да се одржи стабилноста во светот на професионалниот спорт, да се има почитување и се да биде во согласност со правото на ЕУ. Ние сме посветени на максимизирање на влијанието што спортот може да го има врз општеството како катализатор за социјални промени во области како што се подобрување на здравјето, неформално учење и родовата еднаквост, порача еврокомесарката Василиу.

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, пак, изјави дека овој аранжман за соработка е доказ дека врската на европската фудбалска асоцијација со официјален Брисел е посилна од кога и да е и дека се интензивира борбата за заштита на етиката во спортот и промоција на добро владеење.

Според Платини, работејќи заедно, Унијата и УЕФА ќе овозможат фудбалот да ги надмине многуте предизвици со кои се соочува, без разлика дали тоа е дискриминацијата, местењето натпревари, сопственост од трета страна или насилство.

– УЕФА и Европската комисија ќе соработуваат и во промоцијата на грасрут-фудбалот и во имплементацијата на процесот на финансиски фер-плеј, кој ќе обезбеди фудбалот да може да расте и да напредува во годините што доаѓаат. Многу сум горд на овој аранжман за соработка и верувам дека тоа доаѓа во клучно време за европскиот фудбал, порача челникот на УЕФА.

Областите на соработка меѓу ЕУ и УЕФА покрива најголем дел од предизвиците со кои се соочува современиот спорт, како што се: корупцијата, местењето натпревари, финансиската нестабилност, допингот, насилството и расизамот. Покрај тоа, договорот е насочен и кон други прашања од помал медиумски интерес, но од големо значење, како што е промоција на образованието и обуката во фудбалот и преку фудбалот.

УЕФА, исто така, се обврзаа активно да придонесе за Европската недела за спорт, која првпат ќе се одржи во септември 2015 година.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески