Ескалација на фудбалско хулиганство во Белгија

Од:

Насилните навивачки инциденти, кои вчера се случија на натпреварите од белгиското првенство Бершот – Антверпен и Стандард Лиеж – Шарлерој наидоа на остра осуда во јавноста, а Белгиската фудбалска федерација (РФБА) ги опиша како „глетки на војна“

– Мажи со качулки влегоа на теренот. Ова беа воени сцени и сликите се шокантни“, објави РФБА по повод инцидентите на дуелот меѓу Стандард и Шарлерој.

Натпреварот беше прекинат во 88 минута, откако голем број димни бомби беа фрлени од трибините, а неколку десетици навивачи на домашниот тим упаднаа на теренот.

Претходно во неделата инциденти го одбележаа и градското дерби меѓу Бершот и Антверпен, откако навивач на гостинскиот тим го претрча целиот терен и фрли бенгалски факел кон трибината на која беа сместени навивачи на противничката екипа.

РФБА соопшти дека насилникот е „обвинет за обид за убиство и предизвикување пожар“.

– Оганот предизвикан од запален бенгалски факел достигнува температура во радиус од 1.500 до 2.000 степени и предизвикува трајни опекотини и оштетувања на слухот, објасни РФБА, повикувајќи ги клубовите да спроведат политика на нулта толеранција во однос нÐ ° употребата пиротехнички средства на стадионите.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски