За прв пат по срцевиот удар кој го преживеа во саботата, данскиот фудбалер Кристијан Ериксен јавно се огласи на социјалните мрежи.
Фудбалерот на Интер рече дека се чувствува добро, со оглед на околностите.
„Ви благодарам на сите за прекрасните пораки, тие значат многу за моето семејство. Добро сум, колку што е можно со оглед на околностите. Треба да поминам уште неколку прегледи, но се чувствувам добро“, рече Ериксен.
Тој додаде дека ќе навива за своите соиграчи, на кои им порача да играат за цела Данска.
Голем број на негови поранешни и сегашни соиграчи, како и поранешни и сегашни клубови искоментираа под објавата.
На Ериксен му се слоши и падна на теренот на натпреварот помеѓу Данска и Финска. Подоцна беше објавено дека фудбалерот имал срцев удар.