Во јавноста се појавиja неосновани тврдења дека Кристијан Ериксен изгубил свест и колабирал бидејќи неодамна примил вакцина против Ковид-19.
Овие информации ги објавија од клубот чиј дрес го носи тој, Интер.
„Тој ниту имаше коронавирус, ниту пак имаше примено вакцина против Ковид-19“, изјави Бепе Марора, директор на Интер.
Inter CEO Marotta: “Eriksen hasn’t had COVID and he hasn’t been vaccinated” all the idiots talking about this being an effect of the vaccine can shut up
— Siavoush Fallahi (@SiavoushF) June 12, 2021
Состојбата на играчот на данската репрезентација Ериксен е стабилна, откако тој на вчерашниот натпревар со Финска колабираше на теренот, а лекарската служба итно почна со реанимација.
Докторите го реанимираа повеќе од 15 минути, по што беше пренесен во болница.