Турција ќе се кандидира за домаќин на Зимската олимпијада во 2026 година

Од:

Турција ќе се кандидира за домаќин на Зимските олимписки игри во 2026 година, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во градот Ерзурум, на митинг по повод реферемдумот во промена на Уставот закажан за в недела.

Во обраќањето Ердоган најави дека подготовките за поднесување на кандидатурата веќе започнале.

Како што јави агенцијата ТРЕНД, претходно пратеникот во турското Собрание, Мустафа Илиџак најави дека Ерзурум ќе биде кандидат на Турција за домаќин на Зимската олимпијада во 2026 година.

– Во септември ќе испратиме писмо со намери и кандидатура до Интернационалниот олимписки комитет, рече Илиџак.

Следните Зимски олимписки игри ќе се одржат идната година во Јужна Кореја, а во 2022 година домаќин на овој настан ќе биде Кина.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски