Ердоган оди на финалето на Евробаскетот во Рига, безбедносните подготовки започнаа пред полуфиналето

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган (71) планира да присуствува на финалето на Евробаскетот, објавува германски Билд.

Турција стигна до финалето на Европското првенство, благодарение на убедливата победа против Грција со резултат од 94:68, а првиот човек на земјата ќе ги бодри таму.

Безбедносните подготовки за неговото евентуално пристигнување започнаа уште пред полуфиналниот натпревар, потврди извор близок до организаторите.

Се вели дека турскиот селектор Ергин Атаман (59), познат по својата страсна реторика и блиски врски со државниот врв, бил во директен контакт со Ердоган од почетокот на турнирот, што дополнително го поттикна интересот на јавноста и медиумите за доаѓањето на турскиот претседател.

Присуството на претседателот Ердоган на спортски настани секогаш привлекува посебно внимание поради сложената политичка клима, високите безбедносни протоколи, како и неговото влијание врз спортот во Турција.

Финалното меѓу Германија и Турција во Рига е закажано за недела, со почеток во 20:00 часот.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило

„Над 100 жени зад воланот: Женско Рели повторно ќе се вози низ улиците на Скопје”

Предраг Петровиќ

Реал во проблем пред реваншот против Сити

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ужас во Хрватска – Американецот заби, кошот падна врз него

Предраг Петровиќ

Формула 1 ги откажува трките поради конфликтот на Блискиот Исток

Предраг Петровиќ

Ердоган за конфликтот во Иран: Овој оган мора да се изгасне пред да се рашири!

А1он