„Над 100 жени зад воланот: Женско Рели повторно ќе се вози низ улиците на Скопје”

Од:

Автомобилистичката федерација, членка на Светската автомобилистичка федерација (FIA) објави дека одржувањето на седмото традиционално Женско Рели 2026, што и оваа година ќе ги обедини жени љубители на мотоспортот, адреналинот и тимскиот дух ќе се случи на 15.03 (недела), со почеток во 10:30ч, на големиот паркинг на СЦ Борис Трајковски во Скопје.

За учество во релито веќе има пријавено над 100 учеснички, а конениот број се очекува да биде и поголем, имајќи предвид дека пријавувањето трае до недела. Екипите составени од возач и совозач ќе поминат градска рута, а потоа ќе ја покажат својата вештина и умешност зад воланот во втората етапа – спретно возење на затворен паркинг во безбедни услови, меѓу конуси.

Женско Рели има за цел да ја промовира улогата на жените во мотоспортот, тимската работа и позитивната енергија, како и да ја подигне свеста за безбедност во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Петмина маскирани и вооружени мажи упаднаа во домот на шпанскиот голман додека вечераше со семејството

Роналдо без милост кон водителот: „Кажи му на тој да престане со ботокс, изгледа како јаболко“

Монако згасна! Клубот престанува со работа по 12 години успешна приказна

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето против Данил Медведев

22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни

Предраг Петровиќ

Билиќ: „И мене ми е срам, овој пораз е неодбранлив“