Екипата на Барселона и покрај поразот од 3:2 од Баерн, а благодарение на триумфот на домашен терен од 3:0, успеа да обезбеди пласман во финалето од Лигата на шампионите.
Сега избраниците на тренерот Луис Енрике се пред нов предизвик и сезоната можат да ја завршат со три пехари (Примера, Куп на Шпанија и Лига на шампиони).
– Им честитам на моите играчи. Задоволен сум од нивната игра и пласманот во финалето, а не е важно против кого ќе играме. По една победа во трите натпреварувања не дели од можноста да ги освоиме трите пехари. Тоа е наша задача, изјави Енрике.
Барселона првиот трофеј може да го освои в недела (17.мај) на гостувањето кај шпанскиот првак Атлетико Мадрид во рамките на 37. коло што значи дека би имало примопредавање на титулата.
Финалето на шпанскиот куп го игра на 30 мај против Атлетик Билабо, додека финалето од Лигата на шампионите е закажано за 6 јуни во Берлин.