Енрике итно опериран

Од:

Новиот тренер на Барселона Луис Енрике итно е опериран поради воспаление на слепото црево, соопштија од каталонскиот фудбалски клуб.

– Операцијата помина успешно и очекуваме Енрике да заздрави следните неколку дена, се вели во соопштението од Барселона.

Од таму додаваат дека нивниот нов тренер морал веднаш да биде ставен под медицинска интервенција поради опасноста од компликации доколку дошло до пукање на слепото црево.

 Енрике на тренерската позиција на Каталонците беше назначен на 19 мај како наследник на Херардо Мартино.

Во текот на професионалното играње фудбал Луис Енрике осум години беше член на Барселона, а има работено и како тренер три сезони на Б тимот од „Камп Ноу“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска