Енрике: Имаме неверојатен тим

Од:

Тренер на Барселона Луис Енрике изјави дека има неверојатен тим и дека е задоволен од тоа како клубот помина во преодниот рок.

Барселона се засили со Луис Суарез, Жереми Матје, Иван Ракитиќ, Марк-Андре Тер Штеген, Клаудио Браво и Томас Вермален.

– Се засиливме навистина добро. Клубот направи голем напор и ние сега имаме неверојатен тим. Се наоѓаме во добра форма. Би сакал да имавме повеќе време за подготовки, но што е тука е. Очекувам да напредуваме од натпревар во натпревар, изјави Енрике за шпански „АС“.

Барселона синоќа во контролен натпревар ја победи мексиканската екипа Леон 6:0.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска