Енди Мареј се повлече од УС Опен

Од:

Британскиот тенисер Енди Мареј поради повреда на колкот објави дека се повлекува од УС Опен.

– Направив се да се подготвам за овој турнир, дури имав повеќе одмор по Вимблдон. Изминативе денови добро тренирав, но имам големи болки за да можам да го освојам овој турнир, изјави Мареј.

Мареј последниот меч го одигра на Вимблдон, кога беше елиминиран во четвртфиналето до Сем Квери. Тој своите здравствени проблеми ги најави на почетокот на јуни кога во полуфиналето загуби од Стан Вавринка на Ролан Гарос.

Во следните неколку денови Мареј ќе донесе одлука дали ќе ја заврши предвреме оваа натпреварувачка година.

Мареј требаше да биде втор носител на УС Опен, турнир кој го има освоено во 2012 година. Покрај Мареј учеството во Њујорк претходно го откажаа: Новак Ѓоковиќ, Стан Вавринка, Милош Раониќ и Кеи Нишикори.

УС Опен почнува во понеделник на 28 август.

Би можело да ве интересира

Надал се врати на тенискиот терен и загуби од Мареј

А1он

Мареј ќе го пропушти Дејвис купот

Ана Ололовска

Мареј по 25. пат победи во пет сета

Ана Ололовска

Мареј ќе настапи на Олимписките игри во Токио

Мареј доби вајлд-карта за Австралија опен

Ана Ололовска

Бекер: Мареј треба да биде пример за сите спортисти

Ана Ололовска