Не очекува тежок натпревар иако тие може да играат со втор тим, нам тоа не не е важно, ние треба да одиграме најдобро што можеме, ние како и секогаш ќе одиме на победа за да ја израдуваме нацијата вели Елиф Елмас во пресрет на понеделничкиот натпревар на македонската фудбалска репрезентациј против Холандија.
„Треба да се одигра константно во добро темпо во сите 90 минути за да се постигне нивото потребно за Европско првнество. Ние имавме два солидни натпревари и без разлика на следниот противник ќе одиме да одиграме за нас, за нацијата. Треба да ја играме нашата игра и да продолжиме со одличните партии на овој турнир и време е да ја израдуваме нацијата со една победа. Одигравме два солидни меча, нонеискуството ни направи проблеми. Затоа треба почесто да бидеме на ваквите натпреварувања. Треба да покажеме дека заслужено дојдовте на овој шампионат и настапот да го завршиме со победа“ – вели Елмас.
За македонскиот состав ова ќе биде трет натпревар во групната фаза по поразите од Австрија и од Украина во двата досега одиграни натпревари.