Елиминиран БАТЕ Борисов

Од:

Најголемото изненадување на синоќа одиграните реванш натпревари од 2. коло од Лигата на шампионите го направи екипата на Шахтер од Казахстан, која успеа да го елиминира ланскиот учесник во групите од Лигата на шампионите, БАТЕ Борисов од Белорусија.

Од македонските интернационалци Дарко Глишиќ за Динамо Тбилиси го постигна третиот гол за својата екипа во победата (3:1) против Стреимур. Глишиќ во игра влезе во 70.минута, а голот го постигна во 84.минута, додека Игор Митевски и Нефчи се елиминирани од Скендербег со 1:0 по продолжение, а Митревски во 90+2 минута доби црвен картон.

Преглед на резултатите и двојкте од 2.коло од квалификациите од ЛШ:

Шахтер – БАТЕ Борисов 1:0 (2:0 вкупно),

Даугава -Елфсборг 0:4 (1:11),

Калју – Хелсинки 2:1 (2:1),

Сутјеска – Шериф 0:5 (1:6),

Молде – Слиго 2:0 (3:0),

Скендербег – Нефчи 1:0 (1:0),

Стремур – Динамо Тбилиси 1:3 (2:9),

Макаби Тел Авив – Ѓер 2:1 (4:1),

Вардар – Стеауа 1:2 (1:5),

Селтик – Клифтонвил 2:0 (5:0),

Динамо Загреб 1:0 (6:0),

Железничар – Викторија Плзен 1:2 (4:6) и

Хафнарфјордур – Екранас 2:1 (3:1).

Вечерва се играат четири натпревари: Лудогорец – Слован Братислава (1:2 прв натпревар), Марибор – Биркиркара (0:0), Легија – ТНС (3:1) и Партизан – Ширак (1:1).

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска