„Ел Класико“ во Тексас – Барса го „сомле“ Реал

Од:

Фудбалерите на Барселона го победија Реал Мадрид со 3:0 во пријателски натпревар.

„Ел Класико“ се одигра на стадионот Далас Каубојс во Тексас пред околу 80.000 луѓе.

Барселона убедливо го совлада Реал во динамична игра која ги воодушеви американските љубители на фудбалот.

Дембеле ја доведе Барселона во водство во 15. минута, а потоа долго се чекаше за следниот гол.

Барса дури во финишот на мечот го скрши отпорот на фудбалерите од Мадрид и со головите на Лопез во 85. минута и Феран во 91. минута го доби пријателското дерби меѓу шпанските гиганти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спектакуларна промоција на Мбапе пред 80 илјади навивачи на Реал Мадрид

Килијан Мбапе потпиша за Реал

(ВИДЕО) Реал е неприкосновениот „крал“: 15 титула во Лигата на шампионите

Крос се прости од навивачите на Реал и заплака: Се држев, но тоа ме дотепа

Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Предраг Петровиќ

Модриќ го урна рекордот на легендарниот Пушкаш во Реал Мадрид

А1он