Во фудбалскиот Куп на Шпанија денеска и утре ќе се играат првите натпревари од полуфиналната фаза во која ќе се сретнат лутите ривали Реал Мадрид и Барселона. Овој натпревар на програмата е вечерва од 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
Минатата сезона овие две екипи игра во четвртфиналната фаза, а Барселона беше поуспешна благодарение на победата на гостински терен од 2:1 во првиот натпревар, додека реванш средбата заврши 2:2. Подоцна Барселона го освои и трофејот во „Копа дел Реј“ со победата над Атлетик Билбао.
И првиот дуел од другото полуфинале ќе се игра во Мадрид. Утревечер од 22 часот на „Винсенте Калдерон“ Атлетико ќе ја пречека Севиља.
Реванш натпреварите ќе се играат на 27 февруари, а финалето е закажано за 18 мај.