Екипите ко-сопственици на Евролигата не сакаат да одат под „капата“ на ФИБА

Од:

Единаесетте клубови ко-сопственици на кошаркарската Евролигата, го одбија барањето на ФИБА да го преземе организирањето на натпреварувањето и да го промени форматот.

Евролигашите истакнаа дека тие самите сакаат да одлучуваат за својата иднина како што беше изминативе 15 години од формирањето на елитното натпреварување.

Во писменото обраќање до ФИБА, евролигашите информираат дека ќе биде формирана комисија која ќе ги разгледа предлозите на европската организација и која ќе ги води преговорите од 1 ноември.

Предлогот на ФИБА е да се намали бројот на учесници од сегашните 32 на 16 од кои осум би биле со А-лиценца (Фенербахче, Ефес Анадолу, Реал Мадрид, Барселона, Панатинаикос, Олимпијакос, Макаби и ЦСКА Москва), а четири места би имале шампионите на Италија, Германија, Франција и Литванија. Преостанатите места би ги пополниле квалификантите.

Би можело да ве интересира

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во местење натпревари

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он