Екипата „СУК Импекс” победник на фудбалскиот турнир „8-ми септември“

Од:

Екипата „СУК Импекс“ е победник на годинешново издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „8-ми Септември“. Тие во возбудливото финале од овој турнир, кое се одржа вчеравечер  со резултат од 2:1 го победија тимот на „Партнер Дизајн“.

Третото место на  го освои тимот „Јувентус“, кои со резултат од 3:0 го победија тимот на ЈП „Градски Паркинг – Скопје”.

Zatvoren turnirot 8-septemvri 2013

Пехарите и наградите за победниците на овој турнир ги доделија градоначалниците на Градот Скопје и Општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски.

Турнирот годинава имаше и хумана димензија, каде сите собрани средства ќе бидат донирани за лекувањето на Стефан Ѓуревски. 21 годишниот Стефан боледува од прогресивна мускулна дистрофија и за лекување на истата се потребни 29.000 долари.

Zatvoren turnirot 8-septemvri 2013 (2)На Стефан може да му се помогне со донирање на 100 денари вртејќи на бројот 077 143 413 на ВИП, на ОНЕ 075-143-150 или на Т-мобиле 070-143-116, или со уплата на средства на жиро сметката: Стефан Ѓуревски 210700000609296, депонент НЛБ Тутунска Банка.

Турнирот „8-ми Септември“ кој се одржува по 6. пат, годинава траеше повеќе од 1 месец и во него учество зедоа повеќе од 70 екипи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он