„Екип“: По финалето на ЛЕ, Азар се приклучува на Реал Мадрид

Од:

Ѕвездата на Челзи, Еден Азар, сигурно ќе ја продолжи својата кариера во Реал Мадрид, вели „Екип“.

Двата клуба се согласиле, според изданието, за трансфер вреден 100 милиони евра и договорот бил постигнат пред една недела.

Официјално, веста нема да биде објавена до 29-ти мај, кога е финалето на Лигата на Европа помеѓу „сините“ и Арсенал.

Овој натпревар ќе му овозможи на 28-годишниот Белгиец да се збогува со трофеј.

Оваа недела, тимот на Маурицио Сари ќе отпатува во Соединетите Американски Држави за контролна средба со Њу Ингланд Револушн. Азар, исто така, има обврски со белгискиот национален тим на 8-ми и 11-ти јуни.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Спортинг и Аталанта ремизираа во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа

Го судеше финалето на Лига Европа, сега е деградиран во Чемпионшип

Горан Наумовски

Навивач на Зрињски „стигна“ во холандските медиуми поради исмејувањето на познатиот тренер

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Хулиган од зад грб го нападна српскиот голман кој брани за Севиља, но беше соборен

Предраг Петровиќ

Да не беше Виљареал, само англиски клубови ќе играа во европските финалиња годинава

Жарко Настоски

ВИДЕО: „Фраерски“ потег на Мурињо, им аплаудираше на играчите на Динамо во нивната соблекувална

Жарко Настоски