Македонскиот ракометен вицешампион Металург остана без играчот Немања Обрадовиќ, но остана и без обештетување од неговиот нов клуб Висла од Полска.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука клубот од Полска да може да го регистрира ракометарот од Србија во своите редови за Лигата на шампионите. Двата клуба беа на Арбитража во ЕХФ.
Металург тврдеше дека има договор со играчот и бараше обештетување за да го ослободи од обврските, а ЕХФ донесе одлука дека Обрадовиќ и Металург немаат меѓусебни обврски и оти тој може да замине во Полска.
Металург во разговорите со Висла бараше сума од 30.000 евра, а Висла понуди 10.000 евра. Двата клуба не се договорија и случајот го реши ЕХФ. За Металург останува да вложи жалба на оваа одлука.