ЕХФ му дозволи на Металург да игра во Лигата на шампионите

Од:

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја прифати апликацијата на Металург следната сезона да настапува во Лигата на шампионите и покрај тоа што тимот од Автокоманда не обезбеди место во елитното натпреварување.

На својата официјална веб страна ЕХФ денеска ги објави имињата на екипите што во сезоната 2015/16 ќе играат во ЛШ. Македонскиот шампион Вардар е сместен во посилните две групи, а Металург е во групата тимови „неносители“.

Во првиот шешир од кој ќе произлезат А и Б групите се: Кил, Веспрем, Колдинг, Вардар, Киелце, Загреб, Барселона, ПСЖ, Рајн Некар, Кристајнштад, Целје, Бешикташ, Монпеље, Пик Сегед, Висла Плок и Флензбург.

Групите Ц и Д ќе бидат формирани од следниве екипи: Шафхаузен, Татран Прешов, Мешков Брест, Чеховски Медведи Натурхаус, Војводина, Мотор Запорожје, Порто, Баиа Маре, Металург и Скјерн.

Квалификациски турнир ќе играат: АЛПЛА Хард, Борац Бања Лука, Лимбург и Елверум.

Жрепката е на 26 јуни во Виена, кога ќе бидат познати и ривалите на македонските екипи. Во А и Б групите ќе им по осум, а во Ц и Д по шест екипи.

Би можело да ве интересира

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

ЕХФ го суспендираше Драган Начевски поради наводи за учество во „местење“ натпревари

Катерина Ѓуровски

ЕХФ Лига Европа: РК Еурофарм Пелистер посилен од Спортинг-Лисабон

Ана Ололовска

ЕХФ: Само вакцинирани ракометари на ЕУРО2022

А1он

Ракометарите на Еурофарм Пелистер гостуваат кај Кадетен во Шафхаузен

Ана Ололовска

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он