Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди термините за одигрување на мечевите од „Фајнл Фор“ турнирите во Лигата на шампиони во женска и машка конкуренција.
Завршниот турнир во Лигата на шампионите кај дамите ќе се одржи на 12/13 мај во Будимпешта. Македонскиот шампион Вардар за да се пласира петти пат по ред во најдобрите 4 на Стариот континент, ќе мора да помине преку Митјиланд.
Машкиот завршен турнир е во Келн. Тој е предвиден за одигрување на 26/27 мај. Титулата ја бранат „црвено-црните“, а за повторен пласман во „Фанл Фор“ ќе треба прво да се справат со Кил.
„Фајнл Фор“, Лига на шампионите, жени:
Будимпешта
Сабота, 12 мај
15:15 часот, прво полуфинале
18:00 часот, второ полуфинале
Недела, 13 мај
15:15 часот, меч за трето место
18:00 часот, финале
„Фајнл Фор“ во Лига на шампионите, мажи:
Келн
Сабота, 26 мај
15:15 часот, прво полуфинале
18:00 часот, второ полуфинале
Недела, 27 мај
15:15 часот, меч за трето место
18:00 часот, финале.