Ефикасно и без победник на дербито во Севиља

Од:

Екипите на Бетис и на Севиља синоќа одиграа ефикасен натпревар со нерешен резултат 3:3, во градското дерби кое беше во рамките на 31. коло од Примера Дивизија.

Гостинскиот тим водеше со 3:0 со двата гола на Иван Ракитиќ (7 и 19. минута) и погодокот на Негредо (33). Бетис преку Дорлан Пабон (43) до крајот на првото полувреме намали на 3:1.

Рубен Кастро од пенал ја врати резултатската неизвесност со голот во 54.минута за 2:3 во тој момент. По црвениот картон на Гери Медел Севиља од 56. минута остана со играч помалку, а тоа го искористи Емануел  Игиебор кој на две минути до крајот го постигна третиот гол за Бетис и ги спаси домаќините од пораз.

Двојки за денешните натпревари од 31-от круг во Шпанското фудбалско првенство: Реал Ваљадолид – Хетафе, Леванте – Депортиво Ла Коруња, Еспањол – Валенсија и Малага – Осасуна.

Утре играат: Рајо Ваљекано – Сосиедад, Атлетико Мадрид – Гранада, Сарагоса – Барселона и Атлетик Билбао – Реал Мадрид.

Колото ќе биде комплетирано в понеделник со средбата Мајорка – Селта Виго.

Табела: Барселона 78 бодови, Реал Мадрид 65, Атлетико Мадрид 62, Сосиедад 51, Валенсија 49, Бетис 48, Малага 47,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска