Еден гол за три бода на Атлетико во дуелот со Севиља

Од:

Со голот на Радамел Фалкао во 76.минута, фудбалерите на Атлетико Мадрид забележаа победа на синоќешното гостување кај Севиља и останаа на три бода заостанување зад вториот на табелата Реал Мадрид.

Ниту на другите три вчерашни натпревари од 32.коло во Примера Дивизија домашните екипи не успеаја да остварат полн погодок.

Постигнати се следниве резултати: Хетафе – Еспањол 0:2, Депортиво Ла Коруња – Атлетик Билбао 1:1 и Осасуна – Сосиедад 0:0.

Претходно: Мајорка – Рајо Ваљекано 1:1, Барселона – Леванте 1:0, Реал Мадрид – Бетис 3:1, Гранада – Ваљадолид 1:1 и Валенсија – Малага 5:1.

Колото вечерва ќе го комплетираат Селта Виго и Сарагоса.

Табела: Барселона 84 бод, Реал Мадрид 71, Атлетико Мадрид 68, Сосиедад 55, Валенсија 53, Малага 50, Бетис 48,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска