Џовинаци му се приклучува на Раиконен во Заубер

Од:

Антонио Џовинаци доби своја шанса и во март следната година ќе се нареди на стартната линија на Формула 1 во Австралија. Италијанецот си загарантира место во Заубер како тимски колега на Кими Раиконен во сезоната 2019 година. Во соопштението се вели дека привлекувањето на 24-годишниот пилот одговара на традициите на Ф1 тимот за откривање млади таленти.

– Еден сон станува реалност и чувствувам големо задоволство дека добив шанса да се натпреварувам за овој тим. Како Италијанец, за мене е чест да претставувам легендарен бренд како Алфа Ромео, изјави Џовинаци.

Италијанецот беше кандидат за титулата во ГП2 во 2016-та, кога шампион стана идниот пилот на Ред Бул – Пјер Гасли. Џовинаци има две трки во Формула 1 со Заубер, кога го замени повредениот Паскал Верлејн. Оваа година тој учествуваше во неколку петочни тренинзи како за Заубер, така и за Хас.

Ферари има право да му понуди на Саубер пилот од неговата академија за таленти, поради соработката меѓу двата тима и врската на Заубер со Алфа Ромео.

Привлекувањето на Италијанецот значи дека швајцарскиот тим ќе се потпира на сосема нова тркачка двојка следната година. Маркус Ериксон ќе остане во тимот како трет пилот и амбасадор на Алфа Ромео.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин