Џерард: Не заслуживме да се пласираме понатаму

Од:

Англискиот вицешампион  Ливерпул по пет сезони се врати во Лигата на шампионите, но натпреварите ги заврши во групната фаза. Синоќа на „Енфилд“ му беше потребна победа над Базел, но Ливерпул одигра дома 1:1.

– Ја имавме поддршката од навивачите, но за жал не успеавме. Знаев дека ќе биде тешко откако успеавме да изедначиме. Имавме малку време (десетина минути) и играч помалку (црвен картон Лазар Марковиќ). Мојот гол даде надеж, но после ваква игра не заслуживме да минеме понатаму. Едноставно не бевме доволно добри, не само на овој натпревар, туку на сите шест, изјави по дуелот капитенот на „црвените“ Стивен Џерард.

Ливерпул на пролет како третопласиран во групата ќе ги продолжи натпреварите во Лига Европа.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска